Литванскиот стручњак Шарунас Јасикевичиус најверојатно ќе го заврши својот престој во Барселона и покрај желбата на раководството на клубот да ја продолжи соработката со него.
Каталонските медиуми тврдат дека двете страни не можат да постигнат договор за продолжување на соработката и покрај тоа што популарниот Шарас неодамна изјави дека би прифатил драстично намалување на платата. Неговиот договор истече со завршувањето на сезоната во АЦБ лигата во која Барселона ја врати својата доминација во шпанската кошарка и ја освои шампионската титула.
Јасикевичиус дојде во Барса во 2020 година и за три сезони освои две шампионски титули, но не ја оствари главната цел – трофеј во Евролигата.