Јеловац имал мозочен удар, состојбата му е сериозна

0Shares
0 0

Српскиот интернационалец во редовите на АЕК, Стеван Јеловац се наоѓа на интензивна нега во една атинска болница, опериран е и состојбата му е стабилна, но сериозна.

Тој ссе онесвестил во неделата, за време на индивидуален тренинг, а докторите информираат дека дожиивеал мозочен удар. АЕК синоќа играше со ВЕФ Рига во Лигата на шампионите и победата, соиграчите му ја посветија на својот соиграч.

Јеловац е поранешен српски репрезентативец, а во кариерата играше и за Црвена звезда.

0Shares
0 0