Денвер Нагетс е на чекор од шампионската титула вок НБА лигата, прва во историјата на франшизата, но очигледно Никола Јокиќ не верувал во силата на неговиот тим.
Тоа го тврди неговиот татко Бранислав кој во интервју за хрватски портал изјавил дека Никола веќе планирал порано да се врати во татковината.
„Два пати букираше билет за Србија, мислеше дека неговиот тим ќе биде елиминиран. Му реков да не брза и да почека до крајот, така ќе биде најдобро“, тврди, меѓу другото, Бранислав.
Тој не открива кога се случило тоа, а нејасно е кои се причините за таквиот став на Никола ако се знае дека Денвер буквално немаше проблеми во годинашниот плејоф. Најмногу се намачи против Феникс кого го доби со 4-2, Минесота ја елиминира со 4-1, а Лејкерс со 4-0.