Јокиќ е дури четврти фаворит за МВП признанието во НБА претстојната сезона

0Shares
0 0

Иако два пати по ред беше прогласуван за најкорисен играч во НБА, Никола Јокиќ сега не е прв фаворит за оваа награда.

Повикувајќи се на квотите од онлајн обложувалницата Фандуел, НБА на својата официјална страница објави дека први кандидати за признанието се Лука Дончиќ и Џоел Ембид за кои коефициентот изнесува 6,5. Трет е Јанис Адетокумбо со 13, а дури потоа е Јокиќ со Стеф Кари со квота 14.

Првата десетка ја комплетираа Џејсон Тејтум, Џа Морант, Кавај Ленард, Тре Јанг и Џими Батлер. Се разбира дека ова ништо не значи бидејќи Јокиќ и лани не беше прв фаворит, па сепак го освои принанието за најкорисен играч.

Ако успее и претстојната сезона, Србинот ќе стане прв играч со хет-трик МВП по Лери Бирд во 1984, 1985 и1986 година.

0Shares
0 0