Јокиќ го нокаутира, две недели не може да заигра

0Shares
0 0

Маркиф Морис долго ќе го памти судирот со Никола Јокиќ на натпреварот меѓу Денвер и Мајами што се одигра пред речиси две недели.

Од тој дуел, кошаркарот на Хит уште не може да се опорави и ќе го претрпи шестиот натпревар во низа. Причина е повредата на вратот која ја доживеа откако Јокиќ го удри одзади во меѓусебниот судир на средината од теренот.

Бројот на пропуштени натпревари на Морис би можел да се зголеми на уште четири бидејќи Мајами го очекува серија гостувања, почнувајќи од вечерва, кај Вашингтон, Детроит, Минесота и Чикаго. Интересно е тоа што следен меч на домашен терен е дуелот со Денвер, на 29 ноември.

0Shares
0 0