Српскиот кошаркар Никола Јокиќ ја „вознемири“ јавноста во САД откако во интервју за ЕСПН изјави дека го загубил МВП трофејот кој му беше доделен откако неговиот Денвер ја освои шампионската титула.
„Навистина не знам каде е. Го оставив во собата на Спарки (економот на Денвер, Спарки Гонзалес) и повеќе не го видов таму. Навистина не знам каде е, но се надевам дека ќе ми го достават дома“, рече Јокиќ.
Сепак, новинарката Малика Ендрјус, која го правеше интервјуто со него, малку повеќе се заинтересирала и успеала да го најде трофејот.
„Бидете уверени, долгогодишниот економ и гуру на Нагетс Спарки го исчистил и го подготвил за парадата в четврток“, објави таа.
Ова значи и дека Јокиќ ќе учествува на денешната шампионска парада нив Денвер иако по петтиот натпревар од финалето рече дека брза да се врати во Србија затоа што в недела го очекува трка на неговиот коњ.