Јокиќ им дотура сол на раната на Србите

0Shares
0 0

Најдобриот играч во НБА минатата сезона, Никола Јокиќ воопшто не жали што не настапи за српската репрезентација во квалификациите за Олимписките игри.

Без него, „орлите“ не успеаја да се пласираат во Токио, па целата вина за дебаклот беше истурена врз суперѕвездата на Денвер Нагетс иако и неговите колеги не се прославија на турнирот што се одржа во Белград. И три месеца по квалификациите, Јокиќ смета дека постапил исправно.

„Донесов одлука и без разлика дали е добра или лоша, држам до неа. Повторно истото би го направил“, изјави српскиот кошаркар кој веќе е на подготовки со својот тим.

Наскоро тој ќе стане татко и во моментов тоа е најважна работа во неговиот живот. Идното лето на програмата е Европското првенство, но никој сега не може да предвиди дали Јокиќ ќе игра на него.

0Shares
0 0