Точно е дека доби помош од соиграчите, но повторно се во играта на Денвер Нагетс се вртеше околу Никола Јокиќ.
Србинот руши бариери во НБА лигата и речиси да нема натпревар на кој не соборил барем еден рекорд. Синоќа, на третиот меч од серијата против Мајами, тој стана прв кошаркар во историјата што во еден финален натпревар остварил трипл дабл со најмалку 30 поени, 20 скока и 10 асистенции. Јокиќ отиде малку подалеку и само во однос на асистенциите беше на границата, ама затоа реализира 32 поена и 21 скок.
Да биде иронијата поголема, суперѕвездата на Денвер воопшто не покажува знаци на воодушевеност од она што го прави на теренот.
„Да бидам искрен, тоа не ми значи ништо. Најважно беше да го вратиме брејкот“, изјави Јокиќ по натпреварот, на прашање колку му значи овој ефект.
В сабота наутро, Денвер го очекува четвртиот натпревар од серијата против Мајами. Евентуален триумф и на тој меч, ќе го донесе на милиметри од првата шампионска титула во историјата на франшизата.