Машката јуниорска репрезентација на Македонија ги стартуваше подготовките за Европското првенство Б-дивизија што од 21 до 30 јули ќе се одржи во португалскиот град Матосињос.
На списокот на селекторот Андреј Апостолски Лечиќ се наоѓаат 27 кошаркари, но некои од нив не се појавија на почетокот на тренинзите, а од она што го има на располагање, предводникот ќе треба да направи длабок рез за да ги добие конечните 12 кои ќе патуваат за Португалија. Најголем дел од подготовките ќе се одржат во Скопје со тоа што до моментов се закажани неколку пријателски натпревари.
Од 27 до 29 јуни, репрезентацијата ќе учествува на пријателски турнир во Гевгелија, на 5 и 6 јули ќе одигра два меча со Бугарија на гостински терен, а на 12 и 13 јули во Гевгелија ќе гостува соодветната селекција на Швајцарија. За Португалија е планирано да се патува на 19 јули, а три дена подоцна е првиот меч на нашата репрезентација.

Македонија е во групата А, со Австрија, Норвешка, Велика Британија и Исланд, а со оглед на тоа што во воведното коло е слободна, прв ривал ќе ѝ биде Велика Британија на 22 јули. Пласман во нокаут фазата обезбедуваат првите две екипи на табелата, а целта на оваа селекција ќе биде враќање во елитната дивизија од каде испадна лани, на Европското првенство во Измир. Оваа генерација изобилува со талент, добро е покриена на секоја позиција и може да се очекува за неолку години, повеќе играчи од сегашната јуниорска селекција да заиграат во сениорскиот тим и да направат блескави кариери. Интересен е случајот со Андреј Шошкиќ кој е дел од оваа репрезентација, но летово ќе игра и за М20 селекцијата со која ќе помине најголем дел од подготовките.
Во стручниот штаб на Апостолски Лечиќ се наоѓаат млади стручњаци кои имаат искуство од работа во младинските репрезентации: помошниот тренер во МЗТ Скопје, Дејан Србиновски, асистентот во Гостувар, Никола Димитриевски, како и Трајче Стојанов како кондициски тренер.
СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ
Андреј Шошкиќ – Работнички
Ангел Стојанов – Работнички
Даниел Балоски – Работнички
Филип Чолаковски – Работнички
Милош Кнежевиќ – Работнички
Горазд Митев – Работнички
Никола Јаничиќ – Водно Санс
Атанасиј Трајанов – Водно Санс
Бојан Димитриев – Водно Санс
Koста Ќириловски – Водно Санс
Павел Иванов – Вардар
Марко Лукановски – Вардар
Филип Лаковски – Вардар
Бојан Величковски – МЗТ Скопје Аеродром
Давид Талевски – МЗТ Скопје Аеродром
Лука Серафимоски – МЗТ Скопје Аеродром
Стефан Стојковиќ – Феникс 2010
Димитар Зетов – Струмица
Дино Лазаров – Дино Баскет
Андреј Чадамов – Еуро Никел 2005
Диједон Синани – Чаир 2030
Дамјан Зимбаков – Струмица/САД
Рубин Стефанов – Канту-Италија
Ангел Кечовски – Ангели/САД
Грегориј Јакимовски – Италија
Исак Муареми – Италија
Давид Петрушевски – , Сан Северо-Италија
СТРУЧЕН ШТАБ
Селектор: Андреј Апостолски Лечиќ
Асистент тренер: Никола Димитриевски
Асистент тренер: Дејан Србиновски
Кондициски тренер: Трајче Стојанов
фото: КФСМ