Јуниорите на МЗТ со два пораза, но и драгоцено искуство се враќаат од Златибор

0Shares
0 0

М19 екипата на МЗТ Скопје го заврши учеството во јуниорската АБА лига за оваа сезона откако два пати беше совладана на турнирот во Златибор.

Вчера загуби од црногорскиот претставник Студентски Центар со 71-101. Противникот доминираше во текот на целиот меч, по три четвртинни имаше и 34 разлика и заслужено стигна до триумф. Бојан Стојановски со 19 поени беше прв стрелец во тимот на МЗТ Скопје.

Денеска, младите кошаркари на МЗТ Скопје се сретнаа со Црвена Звезда, еден од најголемите фаворити во АБА лигата. Белградскиот тим славеше со 103-60, а повторно Стојановски беше прв стрелец, сега со 15 поени. Звезда беше подобра и од Студентски Центар и обезбеди пласман на завршниот турнир од АБА лигата.

Јуниорската екипа на МЗТ Скопје е составена од играчите кои настапуваат во МЗТ Скопје УБ и М18 тимот на аеродромци. Настапот во јуниорската АБА лига треба да биде од големо искуство за нив во периодот на транзиција од младинска во сениорска кошарка и добро е да има што повеќе вакви тестови во иднина.

0Shares
0 0