Јуниорките не постигнаа кош од игра цела прва четвртина

0Shares
0 0

Женската јуниорска репрезентација на Македонија доживеа уште еден убедлив пораз на Европското првенство Б-дивизија во Софија.

Во мечот со Хрватска, нашите млади кошаркарки загубија со 43-96 и го освоија последното место во групата, па ќе се борат за пласман од деветтата до 18. позиција на шампионатот.

Се беше решено уште во првата четвртина која им припадна на Хрватките со 33-3. Во тие десет минути, македонската репрезентација не успеа да постигне ниеден кош од игра, а трите поени беа реализирани од линијата за слободни фрлања и тоа еднаш погоди Модева и два пати Николов. Првиот кош од игра го постигна Алексовска на стартот од втората четвртина, но се понатаму беше само рутинско одработување од хрватската селекција.

Единствената на ниво во нашата репрезентација беше Лиле Миткова која постигна 11 поени и 6 скока. Борбата за пласман македонските јуниорки ја почнуваат утре во 17:30 часот кога се среќаваат со Естонија.

0Shares
0 0