Со оглед на тоа што прва стартуваше со подготовки, а и прва ќе го почне настапот на Европско првенство, женската јуниорска репрезентација на Македонија денеска прва ќе излезе на терен на пријателски меч.
На десет пред стартот на шампионатот во Софија, М18 селекцијата ќе го одигра првиот од двата планирани дуели против Грција, во Солун. Денеска и утре, селекторот Јелена Антиќ ќе може да види до каде се нејзините кошаркарки во подготовките за она што следува пред крајот на јуни и почетокот на јули.

Ситуацијата не е идеална бидејќи во соседството, репрезентацијата патува без главните играчи во составот, Марија Николов и Михаела Алексовска, како и нешто помладата Милица Николиќ. Првиот натпревар меѓу Македонија и Грција се игра денеска од 16 часот, а вториот е утре од 20 часот.