Кошаркарскиот клуб Феникс ја доби организацијата на завршниот турнир во категорија за јуниори, мажи и тој ќе се одржи в сабота и недела во малата сала во СЦ „Јане Сандански“.
Се очекува тоа да биде најинтересниот турнир во младинска конкуренција со оглед на тоа што во четирите екипи што ќе учествуваат има голем број кошаркари кои се репрезентативци во младинските категории, но и такви кои тропаат на портите на сениорскиот национален тим. В сабота од 17:30 часот ќе се сретнат бранителот на титулата во М18, Работнички и Вардар, а од 20 часот играат Водно Санс и Феникс. В недела во истите термини се натпреварите за пласман.
Феникс вторпат се јавува како организатор на завршните турнири во младинските категории откако пред две недели беше најдобрите екипи во М12 лигата. Учесниците на Ф4 во М18 ќе добијат и парични награди и тоа: шампионот 55 илјади, второпласираниот 35 илјади, освојувачот на бронза 30 илјади и последниот 20 илјади денари.
М18 ЛИГА-МАЖИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
ПОЛУФИНАЛЕ – 27.МАЈ (САБОТА)
17.30: Работнички – Вардар
20.00: Водно Санс – Феникс баскет
28.МАЈ (НЕДЕЛА)
17.30: За трето место (поразен 1) – (поразен 2)
20.00: Финале (победник 1) – (победник 2)