Јута направи тотална чистка – се ослободи и од третата ѕвезда во екипата

0Shares
0 0

По Руди Гобер и Донован Мичел, раководството на Јута Џез денеска го трејдуваше и хрватскиот репрезентативец Бојан Богдановиќ.

Искусниот крилен играч ќе ја продолжи кариерата во Детроит Пистонс иако долго време се шпекулираше дека е можно, следна дестинација да му биде Лос Анџелес Лејкерс. Јута за него ги добива Кели Олиник и Сејбен Ли, но ваквиот развој на настаните секако е чекор назад во кариерата на Богдановиќ.

Детроит последните години е меѓу најслабите екипи во лигата, минатата сезона оствари само 23 победи, а нема некој посебен потенцијал да го смени тоа во блиска иднина. Единствената добра работа за хрватскиот кошаркар е тоа што, согласно договорот, неговата плата ќе скокне по трејдот и претстојната сезона ќе заработи 22 милиона долари.

Што се однесува до Јута, очигледно дека Дени Еинџ интензивно работи на ребилдинг на екипата. Откако се ослободи од Гобер, Мичел и Богдановиќ, екипата му е полна со, главно, просечни кошаркари со неколку исклучоци, но затоа доби еден куп пикови за следните години.

0Shares
0 0