Јузбашиќ останува во Македонија, но се сели на југот

0Shares
0 0

Една недела откако го напушти Куманово, српскиот интернационалец Душан Јузбашиќ најде нов ангажман во македонското првенство.

Својата кариера тој ќе ја продолжи во Кожув каде секако ќе биде големо засилување, имајќи ги предвид претходните изданија во Куманово. Играјќи за овој клуб, просечно постигнуваше по 15,2 поена и 9,6 скока со што беше еден од најдобрите играчи во лигата. Јузбашиќ е веќе регистриран и ќе игра в недела против Феникс, ривал кој му беше последен против кој настапи како член на Куманово.

Во меѓувреме, Кожув се раздели со црногорскиот интернационалец Марко кој продолжува во српскиот тим Дунав.

0Shares
0 0