Кадетите на Партизан Водно Санс заминаа за Финска

0Shares
0 0

Од 5 до 8 мај во финскиот град Литоинен ќе се одржи Суперфиналето од Европската младинска лига (EYBL) за кошаркари родени 2007 година и помлади.

Пласман на него избори македонскиот Партизан Водно Санс чии кошаркари денеска заминаа за Финска. Нашиот претставник го освои првото место и титулата во централноевропската дивизија на турнирот што во март се одржа во Дебрецен.

Партизан Водно Санс е во групата Ц со литванскиот Таураге и естонскиот Тарту. Својот прв натпревар, Партизан Водно Санс го игра в петок од 15 часот со Тарту.

0Shares
0 0