Кадетите на Вардар од утре на турнир од Европската младинска лига

0Shares
0 0

М14 екипата на Вардар од утре до недела ќе учествува на првиот турнир од главната фаза Европската младинска лига (EYBL) што се одржува во унгарскиот град Шопрон.

Во следните три дена, „црвено-црните“, предводени од Александар Јованчев, ќе одиграат четири натпревари преку кои ќе се обидат да остварат што е можно подобар пласман. Утре од 9 часот, Вардар се среќава со романскиот Дан Дачиан, од 17 часот со чешкиот Пелхримов, в сабота ќе игра со Виена Јунајтед од Австрија, а в недела со Сокол Прашки од Чешка.

Вториот турнир од ова натпреварување ќе се игра од 17 до 20 февруари во полскиот град Радом каде Вардар ќе игра со останатите четири екипи од својата група: Пјотровка од Полска, Шопрон Академи од Унгарија, АБЦ Леи од Романија и Зирос Академи од Унгарија.

Генерацијата 2008 на Вардар е убедливо најдобара во Македонија во моментов. Во првата полусезона од домашната лига имаше максимален ефект, со победи од над 50, 60, 70, па и 90 поени разлика.

0Shares
0 0