Екипата на Вардар е нов кадетски првак на Македонија и на доминантен начин ја освои шампиионската титула во својата категорија.
Откако вчера, во полуфиналето, го прегази МЗТ Скопје со 92-54, денеска беше убедливо подобра од Бадел и со 77-59 стигна до златниот медал. Со исклучок на првата четвртина во која Бадел беше конкурентен, остатокот од мечот му припадна на Вардар кој во еден момент имаше предност и од 26 поени разлика. Практично, од стартот на вториот квартал, водството на „црвено-црните“ не се спушти на едноцифрена вредност.
Убедливо прво има на финалниот меч беше сениорската репрезентативка Ања Начевска која за 27 минути на теренот постигна 26 поени и 10 скока со индекс 32. Двоцифрени во нејзиниот тим беа уште Николиќ ни Џангаровска кои постигнаа по 14 поени. Исто толку имаше и Чолакоска кај Бадел каде Панкова додаде 11 поени.