Од денеска до понеделник, македонската репрезентација за кошаркари до 16 години ќе биде домаќин на силен меѓународен турнир кој ќе биде и генерална проба пред Европското кадетско првенство кое од идната недела ќе се одржи, исто така, во Скопје.
Натпреварите од турнирот ќе се играат во Кале, а ќе учествуваат три исклучително сиулни репрезентации, можеби и кандидати за златото на претстојното првенство: Шпанија, Грција и Израел. Својот прв натпревар, Македонија го игра денеска против Израел, утре се среќава со Грција, а в недела со Шпанија. Дуелите со овие кошаркарски гиганти треба да му помогнат на селекторот Александар Јованчев да ја види комплетната слика пред она што следува, но и да ги одреди финалните 12 кои ќе настапат на првенството.
Сите четири репрезентации се учесници на Европското првенство со тоа што Шпанија и Израел се наоѓаат во истата група. Кадетскиот шампионат се игра од 5 до 13 август, а Македонија е во група со Франција, Литванија и Белгија.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
28.07.2023
Македонија – Израел 18:30
29.07.2023
Македонија – Грција 18:30
Израел – Шпанија 21:00
30.07.2023
Македонија – Шпанија 18:30
Грција – Израел 21:00
31.07.2023
Грција – Шпанија 18:30