Како старо вино: Теодосиќ МВП на финалето од Еврокупот!

0Shares
0 0

На 35-годишна возраст, српскиот репрезентативец Милош Теодосиќ го понесе признанието за најкорисен играч на финалниот натпревар од Еврокупот.

Неговиот Виртус победи со 80-67 и го освои пехарот, а со тоа и обезбеди враќање во Евролигата по пауза од 14 години. Теодосиќ беше убедливо најдобар стрелец со 21 поен, вклучувајќи неколку важни кошеви во клучните моменти.

Минатата сезона Теодосиќ беше прогласен за МВП на основниот дел од Еврокупот, а есенва се враќа во Евролигата по пауза од пет години.

0Shares
0 0