Како Ванеса Брајант дознала за несреќата во која загинаа Коби и Џана…

0Shares
0 0

Помина 21 месец од трагичната хеликоптерска несреќа во која животот го загуби еден од најдобрите кошаркари на сите времиња Коби Брајант и неговата ќерка Џана, а сеќавањата на тој ден кај сите се уште се свежи.

Сопругата на Коби, Ванеса откри како разбрала за она што се случи тоа утро, на 26 јануари 2020 година. Во своето сведочење против локалната полиција, таа објави дека веста за несреќата ја добила од куќната помошничка која во 11:30 часот заѕвонила во семејниот дом на Брајант.

Постоеле информации дека петмина од патниците во хеликоптерот преживеале и таа се надевала дека меѓу нив се Коби и Џана. Веднаш почнала да ѕвони на нивните телефони, но не добила одговор. Вести за несреќата почнале да се редат на секоја минута, па Ванеса прво побарала со хеликоптер да замине на местото каде се срушил хеликоптерот, а откако била одбиена, заминала со генералниот менаџер на Лос Анџелес Лејкерс со автомобил во регионот на Малибу.

Од полицискиот офицер Аекс Вилануева побарала да се ограничи просторот околу несреќата со цел да се избегне фотографирање на мртвите тела, но тоа не било направено и затоа сега Ванеса Брајант ја тужи полицијата и полицајците кои фотографиле за приватни потреби

0Shares
0 0