Со оглед на тоа што американската репрезентација нема да настапи со најдобрите кошаркари на претстојниот Мундобаскет, можеби првпат во историјата, соседот Канада има шанси за подобар пласман.
Списокот на играчи со кои оваа селекција ќе настапи на Светското првенство е застрашувачки и нема да биде чудо ако Канаѓаните се вмешаат и во борбата за титулата. Најдобар пласман на канадската репрезентација на мундијалите е шестото место, освоено во 1978 во Филипини и 1982 година во Колумбија. Сепак, факт е дека никогаш порано немале ваква група кошаркари иако имало по некоја ѕвезда како Стив Неш, Бил Венингтон, Рик Фокс итн.
Team Canada released their training camp roster for the 2023 FIBA World Cup 🇨🇦
Shai Gilgeous-Alexander
Jamal Murray
RJ Barrett
Dillon Brooks
Lu Dort
Nickeil Alexander-Walker
Kelly Olynyk
Dwight Powell
Zach Edey
Oshae Brissett
Cory Joseph
Kevin Pangos
Kassius Robertson
Phil… pic.twitter.com/uTp9uZ2FEw— ClutchPoints (@ClutchPointsApp) July 14, 2023
Новиот селектор Жорди Фернандес кој беше назначен на функцијата пред 20-тина дена на местото на Ник Нурс го објави поширокиот список од 15 играчи од кои ќе ги одреди финалните 12 кои ќе патуваат на Далечниот исток. Прво име на него е освојувачот на титулата во НБА, Џамал Мареј, но ништо послаби не се ниту Шеј Гилџес Александер, Дилон Брукс, Лу Дорт, Кори Џозеф, Кели Олиник, Двајт Пауел, Ар Џеј Берет итн. Всушност, канадската репрезентација е микс од НБА ѕвезди и играчи кои настапуваат во врвни европски екипи и ќе имаат што да кажат на претстојното првенство.
Прва цел ќе им биде да ја поминат незгодната група во која е европскиот вицешампион Франција, потоа Летонија и Либан.