Вицешампионот на Македонија, Бадел најде замена за Кејтлин Матје која одлучи својата кариера да ја продолжи во Вардар.
Нов член на тимот од Кисела Вода е канадската кошаркарка Софија Паска, 27-годишен центар која во Македонија ќе дојде од ирското првенство каде минатата сезона ги бранела боите на Сент Полс Килерни и имала фантастичен ефект од 22,6 поени и 11,2 скока по натпревар. Како резултат на тоа, Паска била избрана и во идеалната петорка на лигата.
Претходно, таа играла за друг ирски клуб – Лимерик Селтикс каде исто така имала дабл дабл просек, а во 2019 година и за данскиот Лемвиг Баскет. Студентските денови ги поминала на Универзитетот Рајерсон каде била најдобар поентер и скокач.
Паска е второ засилување за Бадел во пресрет на новата сезона по Теа Митрева која неодамна се врати од Баскет Кам.