И покрај тоа што последните денови беше поврзуван со Барселона и Панатинаикос, Кевин Пантер одлучи и во иднина да го носи дресот на Партизан.
Информациите од шпанските медиуми велат дека тој веќе ја прифатил понудата од Барса, но проблемите со раскинот на договорот со Миротиќ предизвикале прекин на процесот. Кога веќе таа можност пропаднала, Американецот одлучил да остане во Партизан со кого потпиша договор на две години.
Засега, од редовите на белградскиот клуб си замина само Матијас Лесор кој кариерата ќе ја продолжи во Панатинаикос.