Дисциплинскиот судија на АБА лигата, Хрвоје Видан ги изрече казните за третиот натопревар од финалната серија од регионалното натпреварување.
Поради лоша организација и лошо однесување на навивачите, Звезда ќе мора да плати 25 илјади евра, но тоа не е се од казната. „Црвено-белите“ ќе мораат да ги затворат првите редови на некои од трибините на Пионир на четвртиот натпревар кој се игра вечерва. Станува збор за т.н. почесни места и делот зад едниот кош.
Што се однесува до Партизан, казни добија Кам Мадар и Џејмс Нанели кои ќе платат по 3.000 евра за недолично однесување. Американецот е казнет поради конфликт со навивач на Црвена Звезда, а израелскиот интернационалец поради за покажување среден прст кон домашните фанови.
Четвртиот натпревар е на програмата вечерва од 19 часот, Партизан води со 2-1 и со евентуална победа денеска ќе ја освои седмата титула во АБА лигата, прва по пауза од една деценија.