Ќе има „македонска“ пресметка: Кочов против ТФТ во Лигата на шампионите!

0Shares
0 0

Ждрепката за Лигата на шампионите на ФИБА што се одржува во Женева донесе „македонска“ пресметка во четвртфиналето од квалификациите.

Единствениот претставник од Македонија, за противник го доби Кемниц во чиј стручен штаб е поранешниот тренер на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов. Овој дуел за Кемниц ќе биде деби во европските купови. Победникот од мечот меѓу ТФТ и бундеслигашот во следната рунда ќе игра со швајцарскиот тим Фрибург. Во истата група, но на другата страна од ждрепката се Лестер од Велика Британија, Волунтари од Романија и Тофаш од Турција.

Пласман во групната фаза од Лигата на шампионите обезбедува само најдобриот тим од оваа шесторка. Квалификациите за ЛШ почнуваат на 21 септември.

0Shares
0 0