Иако веќе еден месец голем број европски кошаркарски портали шпекулираат дека Никола Милутинов ќе се врати во Олимпијакос каде играше пет години, од Франција стигнуваат поинакви вести.
Српскиот репрезентативец, наводно, има нова, многу побогата понуда од новиот шампион на Франција, Монако чиј тренер, а негов сонародник сака да го види во своите редови. Според информациите, Монако е подготвен да му даде годишна плата од 2,5 милиони евра што е за 67% повеќе од понудата на Олимпијакос.
Ако Милутинов прифати, ќе стане најскап играч во историјата на Монако и ќе го надмине сегашниот рекордер Мајк Џејмс чија плата изнесува 2 милиона евра. Последната сезона, Србинот не играше во Евролигата, но во ВТБ лигата беше прогласен за МВП и просечно постигнуваше по 16,1 поен и 9,1 скок.