Ќе се снима филм за животот на Дражен Петровиќ

0Shares
0 0

Животот на еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња ќе биде екранизиран преку игран филм чиј работен наслов е „Приказната за Дражен Петровиќ“.

Режисер на филмот ќе биде Данило Шербеџија, сценарист е Иван Турковиќ Крњак, продуценти се Љубо Здјеларевиќ и Ивор Шибер, а ќе се снима на локации во Хрватска, Германија и САД (Портланд и Њу Џерси). Планирано е премиерата да биде одржана во 2023 година, на 30-годишнината од смртта на Дражен. Данило е син на познатиот хрватско-македонски актер Раде Шербеџија, а меѓу другото, е режисер на филмот „Ослободување на Скопје“.

„Ова не е само уште еден спортски филм, туку драма во која се зборува за феноменот Дражен Петровиќ и неговиот натпреварувачки дух. Исто така, фокусот е на неговиот личен живот и предизвиците низ неговата кариера“, изјави Шербеџија.

Кастингот за филмот ќе почне наскоро и ќе биде мошне интересно кој ќе го глуми Дражен во филмот.

0Shares
0 0