Македонецот Ѓорѓи Кочов и во следните две години ќе биде дел од стручниот штаб на германскиот бундеслигаш Кемниц.
Во иднина, поранешниот тренер на МЗТ Скопје и Вардар ќе работи како прв асистент на Родриго Пасторе што е најдобар доказ за довербата која клубот ја има кон него. Кочов е дел од Кемниц од 2021 година и со него се поврзани најголемите успеси во историјата на овој тим кој лани стигна до полуфиналето од Купот и првпат во историјата играше во плејофот, а последната сезона, исто така, учествуваше во разигрување за титулата, како и во ФИБА Европа купот што беше прв излез на европска сцена од формирањето на Кемниц.
За 39-годишниот Кочов летово беа заинтересирани клубови од Македонија и Европа, но тој одлучи дека е најдобро да остане во една од најсилните лиги на континентот и таму да продолжи да се усовршува.