Трофејниот тренер на Голден Стејт, Стив Кер е прв фаворит за истата позиција во Сан Антонио откако ќе се пензионира Грег Попович, тврдат американските медиуми.
Попович има 74 години и одамна се шпекулира за негово повлекување, но тој и натаму останува на клупата на тимот со кој има пет шампионски титули и 1.366 победи со кои е рекордер во лигата. До оваа сезона, тој беше и најплатен тренер во лигата со плата од 13 милиони евра по сезона, но од идната кампања, тој примат ќе го има Монти Вилијамс кој потпиша за Детроит Пистонс.
Претстојната натпреварувачка кампања, Попович ќе го пречека Виктор Венбанјама, но не е исклучено идното лето навистина да замине во пензија. Тогаш на сцена треба да стапи Кер кој има силни врски со Спарс затоа што како играч освои две шампионски титули со овој тим, токму под водство на Попович.
Кер е тренер на Вориорс од 2014 година и со ова екипа освои четири титули во НБА, но јасно е дека циклусот во Сан Франциско завршува и можно е да побара нов предизвик. Тој веќе го наследи Попович на клупата на американската репрезентација каде е нов селектор, а не е исклучено да го направи истото и во тимот на Спарс.