Тренерот на Голден Стејт Вориорс, Стив Кер во својата анализа за финалната серија го посочи Џамал Мареј како клучен играч на Денвер Нагетс.
Не во однос на квалитетот во споредба со Никола Јокиќ, туку поради неговата важност како помош за српскиот ас. Кер забележал дека на вториот меч се играше посилна одбрана врз Мареј и тука го гледа клучот за брејкот на Мајами.
„Не сум зборувал со Сполстра, но го имам слушнато како на состанок им зборува на играчите ‘Мареј е главата на змијата, а не Јокиќ’. Јасно е дека Јокиќ ќе доминира, без оглед на се и затоа во Мајами сметаат дека е Мареј тој што треба да биде запрен. Го притиснаа и направија се за да го исфрлат од игра“, анализира Кер.
Таквата тактика на Мајами придонесе Јокиќ на вториот натпревар да постигне 41 поен, а Мареј да остане на само 18, со шут од поле 7/15. Сличен третман како Канаѓанецот добија и останатите играчи на Денвер, простор доби единствено Јокиќ, а јасно е дека еден играч само не може да добие натпревар. Ќе биде интересно да се види одговорот на Мајк Мелоун на ваквата тактичка поставеност на противникот и тоа веќе на третиот меч, прв на Флорида.