Кирил Николовски го напушти Кожув

0Shares
0 0

Македонскиот репрезентативец Кирил Николовски си замина од Гевгелија и кариерата ќе ја продолжи во друга екипа.

Искусниот крилен центар беше член на Кожув од почетокот на оваа сезона и настапуваше во одлична форма. На 12 натпревари, просечно постигнуваше по 18,7 поени, 8,2 скока и 1,3 асистенции со просечен индекс од 22,5, втор највисок во екипата, зад Чаз Вилијамс. Во гевгелискиот прволигаш дојде од Работнички чиј член беше претходните четири години.

Пред Николовски, од Кожув си замина и Марко Симоновски, како и странските кошаркари Чаз Вилијамс, Влатко Граниќ и Еди Синадиновиќ. Тимот го засили Тревон Бровеј од ТФТ, а утре на проба доаѓа Мајлс Томпсон.

0Shares
0 0