Кјубан сакаше да му помогне, ама нема спас – повторно проси по улици

0Shares
0 0

Кошаркарот кој во 2011 година ја освои титулата во НБА лигата со Далас Маверикс повторно им се врати на старите навики.

По неколкумесечната борба со пороците, Делонте Вест повторно е забележан како проси на улици иако по претходните снимки како го тепаат, реагираше и сопственикот на Мавс, Марк Кјубан. Еден навивач го снимил Вест покрај пат во Вирџинија, како со мал картон во рацете ги моли возачите на автомобили, финаниски да му помогнат.

Американските медиуми шпекулираат дека тој е разочаран од фактот што ниедна екипа не го избрала на Биг3 драфтот (најпопуларно светско натпреварување во 3х3) иако многу се подготвувал за тоа. Поради неуспехот, им се вратил на старите навики.

Делонте Вест веќе имаше големи проблеми со алкохол и дроги поради што стана бездомник. Додека просеше по улиците за да преживее, често добиваше ќотек, а беше и апсен поради инцидентите во кои учествуваше. Марк Кјубан се обиде да му помогне, го прати на рехабилитација, а потоа Вест доби и работа на една клиника на Флорида. За време на процесот, беше снимен како ужива во јавање коњи и веслање, па многумина помислија дека лошите денови се зад него.

Во текот на својата играчка кариера, се проценува дека Вест заработил повеќе од 16 милиони долари.

0Shares
0 0