КК ГОСТИВАР: Ретки се случаите кога гостинските играчи се пресметуваат со домашните навивачи

0Shares
0 0

Кошаркарскиот клуб Гостивар излезе со соопштение по вчерашниот немил настан, на натпреварот против Пелистер кој беше прекинат речиси еден час.

Соопштението на домаќинот на тој меч го пренесуваме во целост:

„Клубот КК Гостивар ги осудува вчерашните настани кои немаат допирна точка со спортот и кошарката, на многу натпревари имало и ќе има спортско и неспортско навивање од страна на публиката, но ретко имало случај каде гостинските играчи се пресметувале физички и вербално со публика и членови на домашниот тим.

Сите тие настани доведоа до тоа да се прекине натпреварот при водство на нашиот тим. Благодарение на брзата и професионална интервенција на полицијата се спречи инцидент од поголеми размери. Оставаме на Федерација да ја реши ситуацијата во интерес на спортот и со тоа се надеваме дека во иднина нема да бидеме сведоци на вакви немили настани.
КК Гостивар.“

0Shares
0 0