КК ПЕЛИСТЕР: Нашата екипа беше нападната од сите страни

0Shares
0 0

Покрај домаќинот, со свое соопштение за ситуацијата во салата „Младост“ се јави и гостинскиот клуб.

И соопштението на Кошаркарскиот клуб Пелистер го пренесуваме во целост:

„Кошаркарскиот клуб Пелистер чувствува потреба да ја изнесе во јавноста ситуацијата која ја затекнавме на натпреварот од осмото коло на Суперлигата 2021/22 против Гостивар.

Нашиот клуб ја поздравува исполнетоста на спортската сала ‘Младост’ во Гостивар и кошаркарскиот амбиент со кој секогаш се среќаваме кога гостуваме во овој кошаркарски град.

Вистинско задоволство е да се игра во таков амбиент и веруваме дека така ќе биде и во иднина.

По постојаните непристојни провокации, вулгарни дофрлувања, фрлања на предмети од трибините во текот на целиот натпревар и дополнително на тоа неспортски провокации од клупата и кошаркарите на Гостивар кон нашите кошаркари, во финишот од натпреварот се случи ескалација на зовриената атмосфера и немилиот настан ескалира.

Нашата екипа беше класично нападната од сите страни, гаѓани со секаков вид на тврди предмети и во тој хаос секоја се снаоѓаше како знае и умее. За жал најмногу настрада тренерот на екипата Марјан Илиевски, кој беше погоден со тврд предмет во главата.

Делителите на правдата максимално професионално ја изменаџираа и тоа како деликатната ситуација, за која што ние како клуб максимално дадовме поддршка, а се во интерес на кошарката, се овозможија услови натпреварот да продолжи.

КК Пелистер најостро го осудува секој вид на ваков тип инциденти и вакво неспортско навивање со постојано фрлање предмети на теренот и лично заканување кон кошаркарите од страна на публиката.

Се надеваме дека во иднина вакви ситуации нема да се случуваат и вистинските љубители на кошарката ќе уживаат во преостанатиот дел од возбудливото првенство на Македонија.

Мартин Јовановски-
Спортски Директор на КК Пелистер.“

0Shares
0 0