Челниците на Кошаркарската лига на Србија (КЛС) и АБА постигнаа компромис во врска за календарот во финалните серии од двете натпреварувања, но тоа не значи дека се надминати сите проблеми.
На состанокот меѓу претставниците на организациите, усвоен е планот првите два натпревара од финалето на КЛС да се играат на 9 и 11 јуни, а евентуалната „мајсторка“ на 12 јуни. Финалето од АБА лигата, пак, би требало да почне на 13 јуни, еден подоцоан од првобитно објавениот термин. Сепак, за усогласување на овие датуми, потребна е согласност од двата финалиста, а од Партизан до моментов ја нема.
„Црно-белите“ уште не ја прифатиле промената, а клубот веќе почна да ги продава билетите за првиот натпревар со термин 12 јуни. Досега се продадени околу 4.000 влезници.