КМЕТОВСКА: Напорно работевме, го посакуваме и шампионскиот пехар

0Shares
0 0

По се изгледа, Ивана Кметовска беше главниот фактор што Баскет Кам минатата сезона ја освои двојната круна во македонската женска кошарка.

Летово ја смени средината, се врати во Бадел, а скопјанки веднаш дојдоа до пехарот во Суперкупот со што Кметовска ги комплетираше трофеите како прва кошаркарска на која ѝ успеало тоа. По дуелот со својот поранешен тим, Кметовска призна дека е исклучително среќна поради големиот успех и очекува успешна сезона.

„Долго време се подготвувавме, рано почнавме и напорно работевме. Прекрасно е чувството што ја почнавме сезоната на ваков начин и се надевам дека овој Суперкупот ќе прерасне во традиција, а ние ќе го освојуваме.

Ќе се подготвуваме најдобро што можеме, силно го посакуваме тој пехар од првенството, но и од Купот на Македонија, а очекуваме и добар настап во ВАБА лигата. Мотивирани и возбудени се и моите соиграчи и со нетрпение очекуваме да стартува важниот дел од сезоната“, изјави Кметовска.

0Shares
0 0