„Кога ќе бидам стар и дебел, ќе им раскажувам на децата дека сум играл добра кошарка“

0Shares
0 0

Изјавата на Никола Јокиќ откако го прими признанието за МВП на сезоната во НБА беше типично во негов стил, лежерна и со доза на хумор.

Тој оствари голем успех бидејќи две години по ред е најдобар во најсилната светска кошаркарска лига и со тоа им се придружи на легенди како Мајкл Џордан, Меџик Џонсон, Леброн Џејмс, Карим Абдул Џабар, Бил Расел, Лери Бирд итн.

„Сега не размислувам многу за ова, но кога ќе бидам стар, дебел и мрзоволен, сигурно ќе се сетам и ќе им раскажувам на децата дека некогаш играв добра кошарка“, изјави, меѓу другото, Јокиќ.

Во својата седма сезона во НБА, тој просечно постигнуваше по 27,1 поен, 13,8 скока, 7,9 асистенции и 1,5 украдени топки по натпревар. Челниците на Денвер вчера пристигнаа во неговиот роден град Сомбор за да го изненадат и му приредија незаборавно доживување.

0Shares
0 0