Кога Обрадовиќ ќе те попари, ќе дуваш и на јогурт…

0Shares
0 0

Помошниот тренер на Партизан, Богдан Караичиќ очигледно ја научил лекцијата од натпреварот против Хувентут кога Жељко Обрадовиќ буквално полуде на него.

Трофејниот стручњак побара од својот асистент маркер за да му нацрта акција на Раде Загорац, но тој не успеа да го извлече од џебот, а снимката од тој момент стана хит не само во српските, туку и во европските медиуми.

Караичиќ не си дозволи уште еднаш да се случи такво нешто. На натпреварот против Будуќност беше уловен како седи покрај аут-линијата со маркерот в раце. Што е сигурно, сигурно е.

0Shares
0 0