„Кога си богат и црн, сите мислат дека ти се роднини“

0Shares
0 0

Легендарниот НБА кошаркар Чарлс Баркли ја откри темната страна на божиќните празници која тој ја чувствува и гледа откако стана славен.

Тој призна дека не е љубител на празичната еуфорија, а причина за тоа е дарувањето за Божиќ. Од него секогаш се очекува да биде далеку над просекот кога носи подароци, па дури и од оние кои не се членови на семејството.

„Божиќ не е многу забавен за мене, тоа е само големо фрлање пари. Кога си црн и бoгат, сите мислат дека се дел од твоето семејство, сите ти се роднини и очекуваат навистина голем подарок.

Една година ќе им купиш куќа, следната автомобил и потоа кога ќе купиш џемпер, те гледаат попреку: Си ми подарил џемпер??? Се лутат, полудуваат“, открива Баркли.

Според него, подароци за Божиќ треба да им се купуваат само на деца, додека завршат средно училиште бидејќи само тие знаат чесно да се израдуваат.

0Shares
0 0