Кокошков повторно со Богдан Богдановиќ

0Shares
0 0

Трофејниот српски стручњак Игор Кокошков во новата сезона ќе биде дел од стручниот штаб на Атланта Хоукс откако неодамна ја прекина соработката со Бруклин Нетс.

Во новиот тим, тој повторно ќе му биде асистент на Квин Снајдер со кого соработуваше на Универзитетот Мисури и во Јута Џез, па добро го знае начинот на работа на овој стручњак. Атланта ќе биде негов десетти НБА клуб каде ќе работи како асистент, а во меѓувреме имаше и еден ангажман како самостоен тренер, во Феникс Санс.

Меѓу другото, Кокошков повторно ќе соработува и со својот сонародник Богдан Богдановиќ кој е еден од најдобрите играчи на Атланта. Двајцата беа заедно во Сакраменто Кингс во сезоната 2019/20 која за Богдановиќ беше последна во тимот од Калифорнија.

0Shares
0 0