Кокошков повторно со Дончиќ!?

0Shares
0 0

Се уште актуелниот српски селектор Игор Кокошков би можел по пауза од една година да се врати во НБА лигата, ако се остварат најавите што денеска ја разбрануваа српската кошаркарска јавност.

Наводно, за него е заинтересиран Далас Маверикс каде Кокошков би работел како асистент на Џејсон Кид. Српскиот стручњак има големо искуство во НБА лигата бидејќи работеше како асистент во Клиперс, Детроит, Феникс, Орландо, Јута и Сакраменто, а една сезона помина како прв тренер во Феникс.

Ако се остварат најавите, Кокошков повторно ќе работи со Лука Дончиќ со кого во 2017 година ја освои титулата на Европското првенство. Сепак, во оваа ситуација не зависи се од тренерот и од Мавс, туку се прашува и Фенербахче. Кокошков лани потпиша тригодишен договор со турскиот клуб, доби поддршка и по неуспешната сезона, па сега и не би било фер тој да си замине без „благослов“ од поранешниот европски шампион.

Ако, сепак, добие дозвола, тоа дефинитивно ќе значи крај на неговиот селекторски ангажман во српската репрезентација која ја води безмалку 1,5 година.

0Shares
0 0