Првиот човек на НБА, Адам Силвер денеска објави дека се исполнети сите услови, менаџментот на оваа организација да почне да го планира проширувањето на лигата.
Составот на екипите во најсилното кошаркарско друштво на светот не е сменет од 2004 година кога се вклучи Шарлот Бобкетс, сегашен Шарлот Хорнетс. Пролетта 2024 година НБА лигата ја чека потпишувањето на новиот договор за телевизиски права кој ќе биде највисок во историјата на спортот и тоа ќе биде можност да се остварат најавите за проширување.
„Постои можност да добиеме нови екипи и како што зборував порано, прва цел беше да се среди колективниот договор, а потоа да се фатиме за другите работи. Сега го завршивме тоа и се обидуваме да го финализираме договорот за новиот медиумски пакет и тоа би требало да се случи идната пролет. Веднаш потоа, ќе почнеме да зборуваме за проширување на лигата. Немаме на ум ништо посебно, но секако дека проширувањето има смисла“, изјави Силвер.
Одамна се зборува дека најсериозни кандидати за новите НБА франшизи се Сиетл и Лас Вегас, но во конкуренција се и Мексико Сити, па и Канзас. Се зависи од тоа колку нови екипи ќе има во лигата.