Кому му се поклонува Жељко Обрадовиќ?

0Shares
0 0

Големината на човекот не е во парите, трофеите или успесите, туку во можноста и знаењето да ја види величината кај другите.

Жељко Обрадовиќ ги има сите овие елементи, а и покрај тоа што е во седмата деценија од животот, не се срами да им изрази почит на големите како него. Доказ за тоа е оваа фотографија на која најдобриот европски кошаркарски тренер му се поклонува на „некој“ човек.

Станува збор за Радомир Михаиловиќ Точак, гитарист на српската музичка група Смак која со неколку прекини и промени на составот, егзистира од 1971 година. Михаиловиќ, како и Обрадовиќ, е легенда на Чачак, но и десет години повозрасен од актуелниот тренер на Партизан. Обрадовиќ во текот на викендот присуствуваше на концерт на групата во Крагујевац и таму ја имаше средбата со својот омилен музичар.

0Shares
0 0