По денешното финале меѓу Германија и Србија, познат е генералниот пласман на репрезентациите кои учествуваа на Светското првенство во Филипини, Јапонија и Индонезија.

Првпат во историјата, шампион е Германија чиј најдобар пласман досега беше третото место од Мундијалот во 2002 година. Србија го освои второто сребро, по она во 2014 година, а Канада дојде до првиот медал и тоа бронзен. Втор Мундијал по ред, на пиедесталот ја нема американската репрезентација која по којзнае кој пат покажа дека не ги сфаќа сериозно планетарните шампионати.

По победите во вчерашните натпревари, Летонија го освои петтото, а Словенија седмото место, а од деветтата позиција натаму, пласманот е одреден врз основа на резултатите во групните фази.