КОНЕЧНО: Стеф Кари е МВП!

0Shares
0 0

Најдобриот тројкаш во историјата на НБА, конечно го доби индивидуалното признание што му недостасуваше.

Иако досега освои три шампионски титули и два пати беше најкорисен играч во основниот дел од сезоната, Стеф Кари немаше МВП награда од финалната серија. Се до синоќа бидејќи го доби признанието по триумфот против Бостон Селтикс. Во 2015 година за МВП беше прогласен Андре Игудала, а во 2017 и 2018 наградата ориде кај Кевин Дурант.

Суперѕвездата на Голден Стејт имаше фантастично финале, со исклучок на петтиот натпревар кога за тројка шутираше 0/9 и прекина една своја долга серија. Во финалето просечно постигнуваше по 31,2 поена, 6 скока, 5 асистенции и 2 украдени топки со шут за тројка 41,8% и 48% од игра.

0Shares
0 0