Корона го нападна Еуро Никел, „виси“ натпреварот со ТФТ

0Shares
0 0

На пет дена пред почетокот на вториот дел од сезоната, екипата на Еуро Никел се соочува со големи проблеми со болни кошаркари.

Според информациите од Кавадарци, шестмина од играчкиот кадар имаат ковид-19 и десетина дена ќе мораат да останат во изолација. На денешниот утрински тренинг присуствувале само четворица кошаркари, меѓу кои и новото засилување во тимот Кирил Николовски.

Поради сето ова, неизвесно е одигрувањето на дуелот меѓу Еуро Никел и ТФТ, планиран за 22 јануари во Кавадарци. Според правилата, одложување може да се побара со четворица заразени со ковид, а кавадарчани имаат шестмина или половина екипа.

0Shares
0 0