Корона пак ја нападна Звезда, одложено уште едно дерби од АБА лигата

0Shares
0 0

Натпреварот од 24. коло на регионалното натпреварување меѓу Олимпија и Црвена Звезда што требаше да се игра во Љубљана е одложен поради четири позитивни случаи на корона во редовите на „црвено-белите“.

Информацијата е официјално објавена на сајтот на АБА лигата, а новиот термин ќе биде дополнителен одреден. Ова е трет бран на корона вирусот во Звезда оваа сезона, а последниот беше во февруари, пред завршницата од Купот на Србија на кој оваа екипа го освои трофејот.

Одложувањето на натпреварот дополнително го комплицира финишот од сезоната во АБА лигата. Морнар неодамна побара дуелите од последните две кола да се играат во ист термин, но како поминува времето, станува јасно дека тоа нема да биде можно.

0Shares
0 0