Корона во Партизан на неколку часа пред мечот со Тренто

0Shares
0 0

Вкупно шестмина членови на Партизан од кои двајца кошаркари се позитивни на ковид-19, непосредно пред вечерашниот натпревар против Тренто во Еврокупот.

Станува збор за капитенот Раде Загорац и Душан Милетиќ, а останатите четворица се од стручниот штаб. Претходно, позитивен беше и Немања Дангубиќ, додека Алекса Аврамовиќ добил негативен тест и се очекува наскоро да биде подготвен.

Според информациите од Партизан, сите кошаркари се чувствуваат добро и се во изолација, но на мечот против Тренто, „црно-белите“ ќе настапат ослабени. Натпреварот се игра во Белград, од 20:30 часот.

0Shares
0 0