Короната направи хаос и во АБА лигата

0Shares
0 0

Регионалното натпреварување се најде во слична ситуација како Евролигата, како последица на зголемиот број случаи со ковид-19 во клубовите учесници.

Во минатото коло на програмата беа два меча, а во претстојното ќе се игра само еден. На терен ќе излезат единствено Студентски Центар и Партизан кои ќе се судрат в сабота од 19 часот во Подгорица.

Последен одложен меч е оној меѓу Цибона и Задар, на барање на гостинскиот тим. Претходно беше јасно дека нема да играат ниту: ФМП-Олимпија, Крка-Мега, Сплит-Будуќност, Борац-Морнар и Црвена Звезда-Игокеа.

0Shares
0 0